понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Груби и Ковачевски ги изедначуваат легалните и дивите градби на трасата на коридорите, за нелегалните градби ќе се плаќаат огромни суми народни пари за експропријација“

„Груби и Ковачевски ги изедначуваат легалните и дивите градби на трасата на коридорите, за нелегалните градби ќе се плаќаат огромни суми народни пари за експропријација“

Криминалниот тандем Груби- Ковачевски има моќ се што ќе допре да криминализира. Тие со законски измени неправдата ја претвораат во извитоперена правда. Легалните градби и дивоградбите ги изедначуваат во нивните права со новите измени на законот за експропријација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со измената на законското решение за потребите на изградбата на коридорите Груби и Ковачевски го изедначуваат статусот на легалните и нелегалните објекти, односно нелегалните објекти кои се градени без дозвола, без документи, ќе бидат обештетувани со иста мерка како и легалните објекти во процесот на експропријација. Тоа значи дека ако утре некој изгради нелегален објект на трасата, Груби и Ковачевски ќе потрошат огромна сума народни пари да го платат сето тоа.

Ваквите решенија на крими дуото Груби-Ковачевски стимулираат неправда и неправо, стимулира урбанистички јавашлук и хаос, а сето тоа да го плаќаат даночните обврзници. Но што да се очекува од такви ликови кои во политиката функционираат со заобиловувања на законите и прописите. Не е ни чудо што ја осиромашија државата. Изборите се единствено решение за нив, најпрво да одговараат пред народот, а потоа да одговараат и пред правосудните органи, стои во партиското соопштение.

Најнови вести