сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Груби: Ќе коалицираме со СДСМ, но само ако Зибери биде премиер

Груби: Ќе коалицираме со СДСМ, но само ако Зибери биде премиер

Артан Груби, од ДУИ, во гостување на Канал 5 истакна дека тие се подготвени да коалицираат со СДСМ, но само ако Насер Зибери е премиер.

-Остануваме на ставот дека логично е да коалицираме со СДСМ. Тие имаат 46, ние 15 пратенички мандати, така да има мнозинство да се избере влада и стабилно владеење, затоа што ДУИ е стабилен партнер. ДУИ не е авантуристичка партија што ги менува партнерите на секои 3 дена, изјави Груби.

Груби вели дека ДУИ добила и многу македонски гласови, како што Зоран Заев и Христијан Мицкоски добивале албански гласови.

-Ние ѝ се обративме на македонската етничка заедница, тие знаат дека државата е најсигурна во рацете на Ахмети и ДУИ. Покажавме дека сме најконструктивна партија од 2002 година до денес и сме чувари на евро-атлантскиот пат. Кога сите дигнаа раце од преговорите со Грција, ДУИ одржуваше врски со Атина, Ахмети трипати ја посети Атина, рече Груби.

Најнови вести