вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Груевски: Не можев да останам рамнодушен и да не направам обид да укажам на незаконскиот и дрзок начин на донесувањето на Законот

Груевски: Не можев да останам рамнодушен и да не направам обид да укажам на незаконскиот и дрзок начин на донесувањето на Законот

Мојата реакција беше реакција која мислев дека во моментот е најдобро нешто да се направи од причина што пред нашите очи се случуваше едно брутално кршење на законите, на деловникот на Собранието, рушење на демократскиот процес во парламентот, приватизација на самиот парламент од страна на мнозинството, тотално игнорирање на опозицијата, истакна Никола Груевски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со случувањата во Собранието за време на донесувањето на Законот за јазици.

-Нешто што никој не сакаше да го види да се случува во Парламентот, нешто што свесно се направи од страна на мнозинството. Самата изјава на пратениците кои велат дека нема да излегуваат од дома укажува дека знаат дека нешто направиме што ќе го иритира народот. Тие свесно направиле нешто што нивните гласачи ќе ги иритира. Јас во Парламентот не можев да останав рамнодушен и да не направам обид, да укажам и да се обидам да го одвратам од намерата лицето кое ја водеше седницата, на незаконски и неделовнички начин, дрзок начин, дека не може така да се приватизира парламентот, посочи Груевски.

Тој потенцира дека неговата намера не била со никого физички да се пресмета.

-Ако добро погледнете од снимката, господинот Џафери беше тој кој почна со неговата рака да ме турка, или да ме фати на рака, на што одмавнав со раката и го отфрлив неговиот обид за физичко туркање, објасни Груевски.

Најнови вести