Во наредните денови чекаме да дојдеме до некое решение, денес испративме писмо до премиерот, бараме средба. Не да се видиме со премиерот и да разговараме и да го информираме за проблемите, туку да најдеме решение. Во овој момент можам да кажам дека едно од барањата е донесување на закон, односно измена на закон за судска служба. Со тоа и судските служби ќе имаат додаток на плата до 35%, денеска добив информација дека влегува во процедура и ќе биде донесен наскоро, најави Пеце Грујовски претседател на УПОЗ при гостување на емисија на 1ТВ.
Грујовски образложи дека во оваа ситуација мора да биде со премиерот средбата.
-Од причина што ние точно пред година дена имавме средба со премиерот и го запознавме со проблемот Во неможност да го решиме проблемот со министерот за правда и министерот за финансии, побаравме средба и на неа учествуваа двајцата министри. Ни беше ветено дека парите незаконски земени на судските службеници ќе бидат вратени, меѓутоа само да се изнајде правна рамка, законска рамка за да тоа биде како што треба. Па тие година дена не можат да најдат правна рамка, како синдикат понудивме решенија, спогодба со владата, спогодба со судски буџетски совет што е прифатливо и законски, потенцира Грујовски.