четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ХЕЦ Св. Петка исклучена, ХЕЦ Козјак на минимум за да се намали нивото на Вардар

ХЕЦ Св. Петка исклучена, ХЕЦ Козјак на минимум за да се намали нивото на Вардар
илустрација

АД ЕСМ ја исклучи ХЕЦ Св. Петка и го стави на минимум производството во ХЕЦ Козјак со цел намалување на нивото на реката Вардар.

-По информацијата за покаченото ниво на реката Вардар, во координација со ЦУК, од страна на АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот Треска. Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната Козјак, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната Св. Петка е надвор од употреба. Не работи и хидроелектраната Матка која е во сопственост на ЕВН, информираат од ЕСМ.

Намалувањето на производството, се наведува во соопштението, во дел од хидроелектраните на АД ЕСМ нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија, и истото ќе се дополни преку останатите производни капацитети.

Во текот на ноќта се очекува стабилизирање на дотоците.

Најнови вести