Шокот од убиството на Денис Тот дополнително го предизвика и тоа што болницата најпрвин објави дека Денис Тот починал од срцев удар, а дека само обдукцијата утврдила дека Денис Тот имал повреди на главата од кои починал, пренесуваат денес хрватските медиуми.
Vecernji.hr пренесува изјава на Дејан Николовски, главниот уредник на Нетпрес.
-Сето ова беше сомнително бидејќи почнаа да кружат спротивставени информации дека имало тепачка пред дискотеката, а потоа дека не било така, дека спортистот починал поради здравствени причини. Потоа, на телото има траги, па дека нема траги на насилство. Како што низ градот се ширеа информации дека имало напад од неколку лица врз спортистот, така започна притисокот на медиумите врз институциите да дознаат што точно се случило тоа кобно утро. Информациите говореа дека имало тепачка, затоа велам дека како одминуваше времето, притисокот од медиумите кон институциите растеше. На крајот стигна информација дека стигнала снимката, дека ракометарот бил нападнат од три лица, вели тој.
Николовски ја коментира и вознемирувачката снимка од убиството која беше објавена денес.
-На видеото се гледа дека таму имало повеќе од две-три лица. Дека имало десетина луѓе. Дека имало таксист. Претпоставувам дека неколку од овие луѓе се обезбедувачи во дискотеката бидејќи инцидентот се случил токму пред влезот. На снимката се гледа дека Денис бил нападнат, дека паднал на земја, дека три лица го тепале, дека после тоа се смириле работите, дека некои отишле во дискотека и ја затвориле вратата додека тој лежел на подот. Кој може да ги сокрие таквите информации? Само некој моќен човек. Тоа што две различни институции даваат исти информации, дека маж починал од здравствени причини, е сосема сомнително. Некој решил нешто да сокрие, заклучи новинарот.
Целата вест прочитајте ја на Vecernji.hr