четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хуман народе, потребна е наша помош: Недостасуваат уште 4000 евра за Марина да може да живее нормално

Хуман народе, потребна е наша помош: Недостасуваат уште 4000 евра за Марина да може да живее нормално

Нашите 100 денари за Марина значат нормален живот, без парализирана лева рака и нога.

Недостасуваат само уште 4000 евра или само 2460 повици. Да помогнеме за Марина да ги собере потребните парични средства.

Да не ја оставиме Марина на пола пат, да донираме и бидеме дел од оваа успешна приказна.

Потребни сме и на Марина, која е самохрана мајка и која пред 12 години имала крварење на мозокот по што цела нејзина лева страна од телото останала парализирана. Во март месец Марина беше на роботна терапија во Ниш, но потребен е уште еден третман за да може да се постигне саканиот ефект.

За само неколку дена се успеа да се соберат 5000 евра за Марина Гулеска. Потребни беа 9000, остануваат уште 4000 евра за да може да и се врати 80% од нормалното функционирање на левата рака и нога.

Најнови вести