Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, нема бугарска лична карта, објавува бугарскиот сајт 24 chasa.bg.
Имено тие во својата вест го пренесуваат наводниот скандал кој го објави пред два дена СДСМ и пратеничката Славјанка Петровска во кој се обвинува Арсовска дека има бугарско државјанство и лична карта.
На документот кој го објави СДСМ името на Данела и испишано погрешно, т.е со една буква разлика, Даниела со постојана адреса во Петрич и со важност до 2027 година, а издаден на 17 мај 2017 година.
Новинарот од бугарскиот портал пребарувајќи го посочениот број на личната карта издадена од МВР не пронашол ниту едно заведено име кое фигурира со податоците (20.12.1979), што значи дека не е валидна лична карта, објавува порталот.
Со ова уште еднаш се докажува црната пропаганда која ја води СДСМ на само неколку дена пред вториот круг од локалните избори кој ќе се одржи во недела на 31 октомври.