четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И ПОЛИЦИЈАТА ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТ – не се задоволни од ниските плати!

И ПОЛИЦИЈАТА ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТ – не се задоволни од ниските плати!

Синдикатот на полицијата на Македонија преку статус на Фејсбук пишува дека излегува на протест.

„ПРЕДМЕТ: Барање за давање подршка, учество и придонес на ПРОТЕСТ организиран од Синдикат на Полиција во Македонија

Почитувани,

Сакаме да Ве информираме и запознаеме дека во деновите 26,27,28 и 29 Април 2022 година (Вторник, Среда, Четврток и Петок) со почеток во 16.00 часот пред Собрание на Република Македонија, Синдикат на Полиција во МАКЕДОНИЈА – СПМ заедно со 4 Грански Синдикати во рамките на Конфедерација на слободни синдикати во Македонија – КСС ќе одржува ПРОТЕСТ. СПМ на самиот протест е да се искаже РЕВОЛТОТ на вработените во Полицијата заради НИСКИТЕ ПЛАТИ ВО ПОЛИЦИЈАТА.

На протестот од страна на СПМ ќе биде побарано единствено:

• ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ПОЛИЦИЈАТА – 1 ЕВРО – 1 БОД.

Со таа цел Ве ПОВИКУВАМЕ И ПОКАНУВАМЕ заедно како СИНДИКАТИ во рамките на Министерството за Внатрешни Работи да дадете подршка, учество и придонес во наведеното искажување на револтот и незадоволство и заедно да кажеме дека „Во МВР ПЛАТИТЕ СЕ НИСКИ“ и не е онака како што некој друг сака да прикаже.

Ајде заедно да излеземе и да го прикажеме незадоволството што владее во ПОЛИЦИЈАТА и да прикажеме дека најпрвен НАЈВАЖЕН ни е вработениот пред се, неговиот живот и ДОСТОИНСТВО што го поседува.

Со почит,

Синдикат на полиција во Македонија – СПМ“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести