Поевтина струја и олеснување на давачките за хотелиерите се само едни од мерките за туристичкиот сектор да ја преживее оваа зима. Најнапред пандемијата а сега и енергетската криза ги погоди туристичките центри. Директорот на агенцијата за туризам Јаневски посочи дека за хотелите долж ривиерата од голема помош овој период од годината се семинарите и конференциите.
Според добрите познавачи од областа на туризмот приоритетно е да се интервенира во туризмот и угостителството да не дојде до згаснување на секторот.
Туристичките водичи пак на став дека потребна е автентичност и разновидност во понудата за продолжување на сезоната.
Инаку според најавите на туристичките работници за Новогодишните и Божиќните празници закупени се поголемиот дел од хотелските капацитети на брегот на Охридското езеро и тоа претежно од странски и туристи од регионот.