И Владата упати честитка до исламските верници по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
-Рамазан Бајрам е празник на обновата на духовната сила што ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност. Во овие услови, Рамазан Бајрам повикува да се соочиме со предизвиците и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени. Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам, се наведува во честитката од Владата.