четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И ВО РАБОТЕН ДЕН „ВРИЕ“ НА ОВОЈ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН: Утрово колони возила чекаат да ја поминат македонската граница (ФОТО)

И ВО РАБОТЕН ДЕН „ВРИЕ“ НА ОВОЈ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН: Утрово колони возила чекаат да ја поминат македонската граница (ФОТО)

Утрово на граничниот премин „Богородица“ за влез во соседна Грција има повторно гужва.

Според видео камерите утрово од македонска страна за влез во соседството се чека и тоа според нашите информации од половина час, па се до цел час.

Сезоната во Грција тече со полна пареа, особено откако се олеснети правилата за влез и излез од земјата.

Македонските граѓани како и останатите наши соседи за влез во Грција треба да приложат сертификат за примени две дози од вакцината, негативен тест  или пак доказ за антитела како и да пополнат документ за влез во Грција.

Најнови вести