петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиеска: Во кризни ситуации потребно е квалитетно да се подобруваат мерките, за подобар ефект и подобар животен стандард

Илиеска: Во кризни ситуации потребно е квалитетно да се подобруваат мерките, за подобар ефект и подобар животен стандард

Првата мерка којашто беше донесена со доаѓањето на власт на оваа Влада беше зголемување на акцизата на горивата, истакна Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во дебатната емисија „Анализа 24“ на Телевизија 24.

-Потребно е во кризни ситуации квалитативно да се подобруваат изгласаните мерки. Не е страшно доколку се прифати и спротивното мислење доколку имаме подобар ефект и подобар животен стандард, рече Илиеска.

Илиеска кажа дека доколку се наруши и зголеми стапката на инфлацијата тогаш многу тешко се враќа во првобитната состојба.  Навременоста на Владата, Собранието и сите други институции во државата е многу битен елемент. Кога имаме кризна ситуација дури и сега веднаш потребно е да се носат мерки.

„Не се потребни мерки кои имаат среднорочни ефекти или долгорочни бидејќи некои од мерките имаат ефект две до три години. Затоа денес ние зборуваме дека е потребен нов сет на мерки бидејќи ефектите ги имаме видено само од тие први неколку мерки“, заклучи Илиеска

Илиеска посочи дека ние знаевме дека имаме некоја нестабилност во системот на производи и имаме тотална ненавременост на носење на мерките, инфлацијата ја очекуваме и чувствувавме уште во јануари и февруари.

„ВМРО-ДПМНЕ предложи предлог закон до Собранието на 28-ми февруари се со цел на одредени производи да се стабилизираат цените и да немаме ценовни шокови, се со цел справување на оваа ситуација“, рече Илиеска.

Таа додаде дека сите зборуваме за првата втората и третата мерка, но од предложените 26 мерки голем дел се однесуваат за енергетиката. Ние имавме прогласено енергетска криза во ноември месец минатата година и дел од овие 26 мерки требаше тогаш Владата да ги предложи да бидат дел од справување со енергетската криза.

„ВМРО-ДПМНЕ предлагаше на цела храна која е оданочена со повластена даночна стапка да биде ослободена и да се плаќа со нула проценти на повластена даночна стапка. Од Владата сега гледаме дека првата мерка од предложените мерки се однесува само на основните производи да се со нула проценти повластена стапка“, нагласи Илиеска.

Најнови вести