понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиоски: Присуството на ВМРО-ДПМНЕ на јавната расправа, не значи враќање во Парламентот

Илиоски: Присуството на ВМРО-ДПМНЕ на јавната расправа, не значи враќање во Парламентот

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија присуствуваа на јавната расправа за Предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиусмки услуги, но, како што изјави координаторот на една од пратеничките групи на оваа партија Зоран Илиоски, тоа не значи нивно враќање во Парламентот.

– Дел од пратениците присуствуваме на јавната расправа бидејќи сметаме дека овој закон е доста значаен за Република Македонија и сакавме да ги слушнеме забелешките кои ги има стручната фела и да имаме сознанија во кој правец се движи нивното размислување за носењето на овој закон. Ова не значи дека ние сме вратени во Собранието, истакна Илиоски.

Тој не прецизираше кога би била донесена одлука за евентуално нивно враќање во Собранието, но, како што посочи, одлуката ќе биде донесена во консултација со Извршниот комитет и лидерот на партијата.

– Врз основа на консултациите и анализата на ситуацијата ќе се донесе одлуката кога ќе се вратиме во Собранието, појасни Илиоски.

Најнови вести