Околу 25.000 дози од вакцината Астра Зенека се на граница на истекување на нивниот рок.
Ова за Алсат го потврдија од Министерството за здравство кои кажаа дека овие 25 илјади дози имаат рок до ноември годинава.
Дополнително, според овој одговор на Министерството за здравство за Алсат информираат дека секоја недела во земјава пристигнуваат околу 30.000 вакцини од производителот Фајзер.
„Во тек е вакцинација и ревакцинација со вакцината на производителот Фајзер, како и ревакцинација со вакцината од страна на производителот Астра Зенека. Тековните количини од производителот Фајзер имаат рок јануари/февруари 2022 година, вакцините од производителот Астра Зенека имаат рок до ноември 2021 година, додека вакцините од производителот Синовак имаат рок до 2023 година“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.