Авторот на текстот нотира дека Македонија е пред предвремени парламентарни извори од чиј исход би можела да зависи динамиката на приближување на земјата кон Европската Унија (ЕУ). Палмер запрашан дали Преспанскиот договор би бил во опасност во случај на победа на опозициската партија, одговори:
„Имплементацијата на Преспанскиот договор е клуч за прогресот на Македонија кон НАТО и кон Европската Унија. Овие нешта се испреплетени и взаемно се поддржуваат и зајакнуваат“ нагласи Палмер.
Тој потенцира дека посакува земјава да продолжи по патеката кон НАТО и изрази надеж дека Шпанија во наредните неколку недели ќе ја забрза постапката за ратификација на Протоколот за членство на земјава во Алијансата.
„Мојата надеж е дека многу скоро ќе бидеме во прилика да го прославиме влезот на Македонија како 30 членка на НАТО. Тоа би бил голем ден на кој работевме долги години“, заклучи Палмер.