Мало и големо се кренаа против Годишната програма на Министерството за култура за 2019-та година, која беше објавена деновиве.
Избувна комплетно незадоволство, особено од страна на Македонците, бидејќи според некои членови на комисиите што работеле за оваа програма, за првпат Албанците добиваат 30% од вкупниот буџет на ова министерство. Освен тоа, ниту Албанците не се задоволни со распределбата на парите и поддршката на проектите, како и субјектите кои сите на некаков начин се зафатени за некаква партиска рачка, анализира порталот InfoShqip.
Порталот обелоденува нов скандал во прераспределбата на парите.
-Една од забелешките на Албанците се “фамилијарните придобивки”, како што е случајот со директорката на Радио програмите на заедниците, Ајтен Власку-Мехмети, која добила проекти за себе, за синот, Арт Мехмети како и за ќерката Фјола Мехмети. Во Министерството за култура, се зборува дека оваа “фамилијарна придобивка” се постигнала благодарение на интервенцијата на „Реисот“ Сулејман Реџепи, кој побарал од министерот Асаф Адеми да го подржи ова семејство “домаќини”, чиј член Агим Мехмети, му ги пишува пишува колумните и му должи плата која што најлесно може да се обезбеди на овој начин! Значи, Сулејман Реџепи ги пуштил канџите и во Министерството за култура! Зема од албанските даночни обврзници за да му се оддолжи на семејството на Агим Мехмети кој му ја подготвува книгата со колумни, но Реисот „немал пари“ за да ја плати! Министерот Адеми мора или да ја поправи оваа катастрофална грешката или да поднесе оставка, затоа што дозволилда биде манипулиран од страна на сомнителна личност за која целиот медиумски свет во Турција објавува извештаи за неговата криминална активност! Сулејмани Реџепи, нема право да ја користи на Министерството за култура за задоволување на неговите болни интереси, министерот Адеми не треба да се осмелува личното пријателство кое го има со Мула Сула да го користи за перење пари, пишува порталот.