Интервју или нарачано шиканирање? Вака е насловено видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, со исечоци од интервјуто кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера го даде за 1ТВ.
Тој гостуваше кај новинарот Сашо Ордановски.
-Првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто, новинарот ги прекршува начелата за почитување на достоинството на личноста, за пресумпција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ова денеска преку соопштение го истакнуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека се прекршени сите правила на професионално однесување и известување, како и сите етички норми во Кодексот за известување, пропишани од новинарските здруженија во синоќешната емисија “Печат на неделата” на уредникот и водител Сашо Орданоски на 1ТВ, во која гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Новинарот има право слободно да се изразува и има право на изразување лични ставови во форма на несогласување согласно Член 11 од законот за медиуми. Но, агресивното и скандалозно бранење на политички ставови, истовремено проследено со обвинувања и дискриминација заради поинакви политички уверувања, прекршување на начелата за почитување на достоинството на личноста, пресумпција на невиноста, објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења е спротивно на Член 48 и Член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги. Затоа, МАН ја повикува Агенцијата за аудиовузулени и медиумски услуги да го разгледа овој случај и да ги преземе сите мерки кон 1ТВ, велат од МАН.