Пендаровски еднаш ги изгуби изборите. Познати ни се неговите изјави. Силјановска доколку победи ќе промовира нова политичка култура на обединување. Ова се ставовите на Мите Костов од Партија на Власите, искажани во интервју за КУРИР.
1. Многу случувања во низа имаше во Македонија, сега сме пред избори како гледате на ситуација во земјава?
-Анализирајќи ги дневно политичките состојби може да кажеме дека се доста сложени. Недостасува политички дијалог помеѓу власта и опозијата, има поделеност околу националните и државните интереси, имаме поделено опшстество. Имаме недостаток на реформите во опстествениот, економскиот, социјалниот и политичкиот зжвот во земјата. Активностите околу сузбивање на корупцијата и криминалот како да се заборавени. Секојдневно слушаме за корупциски скандали, за непотизам. Оваа власт како да заборави што зборуваше и што ветуваше. Сведоци сме на несоодветна политика за распределување на средствата од министерството за култура, имаше огромни реакции и од припадниците на етничките заедници. Власите беа заборавени. Тука се и големите остапки што ги направи оваа влада околу промена на името, и ко не следи членството во НАТО што поскоро, како и датум за преговори со ЕУ револтот кај граѓаните ќе биде огромен и тоа кај сите без исклучок, вели тој.
2.Претстои официјален старт на кампањата за претседателските избори, каква кампања очекувате?
-Граѓаните ќе го искажат своето незадоволство на следните председателски, но и се надеваме наскоро и парламентарни избори. Во пресрет на председателските избори Партија на Власите од Македонија е подготвена да даде силен придонс за фер и демократски избори. Очекуваме и двете поголеми коалиции со своите натпартиски кандидати да дадат силен поттик во своите програми и да го убедат македонскиот граѓанин да излезе и да гласа. Секако дека власта ќе ја има главната одговорност за спроведените избори како пред домашната, така и пред меѓународната јавност. Власта мора да сфати дека нејзина одговорност е начинот на кој се спроведуваат изборите, а тие мора да бидат според сите стандарди на меѓународната заедница. Овие избори ќе бидат добар тест за да добиеме позитивни поени за влез во европското семејство доколку сите политички партии се заложат и промовираат позитивни идеи, анализира Костов.
3. Какви се вашите видувања, како би било во Македонија ако победи Силјановска, а што ако победи Пендаровски?
-Очекувањата околу изборот на претседател и татко на нацијата се огромни. Пендаровски еднаш ги изгуби изборите. Познати ни се неговите изјави. Силјановска е позната по својата стручност компетентност во правната наука. Сметам дека Силјановска ќе успее да ги привлечи неопределените и понежниот пол бидејќи за прв пат во македонската понова историја имаме кандидат за претседател жена. Доколку победи Силјанивска, а сигурен сум ќе победи според рејтинзите, таа ќе промовира и нова политичка култура на обединување. Сигурно дека ќе воспостави нови модели на комуницирање со лидерите на политичките партии и здруженија на граѓани. Ќе промовира и ќе гради нов имиџ и комуникација со светските лидери. Победата ќе значи нов почеток на соодветна политичка култура која и доликува на земјава, оценува тој.