Извршниот и Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките на одредено време додека не се нормализираат процесите, изјави претседавачот на ЦО на СДСМ, Перо Костадинов по вечерашните седниците на двете тела.
– Сакам да ве информирам дека беше отворена плодна и демократска дискусија во која што членовите на ЦО имајќи ги предвид пред се случувањата во државата и моментумот во којшто се наоѓа Северна Македонија во овој период, којшто е многу клучен за процесите коишто понатаму треба да следуваат, едногласно донесе одлука претседателот и премиерот да ја одложи ставката на одредено време додека овие процеси не се нормализираат, изјави Костадинов.
Тој информира на дека седниците на Извршниот и на Централен одбор биле разгледани актуелните случувања во земјата и во партијата.