среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИСТРАЖУВАЊЕ НА МКД.МК: Македонските граѓани се песимисти, владее корупција, растат цените, стандардот паѓа…

ИСТРАЖУВАЊЕ НА МКД.МК: Македонските граѓани се песимисти, владее корупција, растат цените, стандардот паѓа…

Две третини од македонските граѓани сметаат дека Македонија се движи во негативна насока. Бројот на испитаниците кои сметаат дека земјата се движи во позитивна насока е речиси двојно намален, од 14,2 отсто во јуни на 7,7 % во септември 2023.

Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 15 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Приближно половина или 49,5% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата е состојбата во економијата и намалената стопанска активност.

Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата е најчесто посочуван проблем, одговор кој го дале дури 27,6% од испитаниците.

Цела анкета погледнете ја на МКД.МК

Најнови вести