сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иванов го честита празникот Пасха

Иванов го честита празникот Пасха

Претседателот на државата Ѓорге Иванов по повод големиот еврејски празник Пасха упати честитка до претседателката на еврејската заедница во Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на еврејската заедница.

–  Пасха го прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство и токму одбележувањето на овој голем празник во себе ја содржи пораката за слобода, правда и достоинство и симболизира ново раѓање и надеж. Еврејската заедница во земјава има особен придонес во градењето и во почитувањето на општествените вредности и верските различности. Таа е нераскинлив дел од македонскиот модел на соживот кој се базира на почит и заедништво и негување на различните традиции. Нека и оваа Пасха ни биде потсетник да не дозволиме никој да посегне по нашето заедништво, достоинство и слобода, вели Иванов во честитката.

Најнови вести