сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иванов најостро го осудува физичкото насилство што се случи во текот на вчерашниот ден во затворот во Шутка

Иванов најостро го осудува физичкото насилство што се случи во текот на вчерашниот ден во затворот во Шутка

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, најостро го осудува физичкото насилство што се случи во текот на вчерашниот ден во КПУ Затвор Скопје – Скопје.

-Безбедноста на сите притворени и затворени лица мора да биде загарантирана од затворската управа, за ваквите и слични случаи, не може и не смее да има никакво оправдување. Во казнено поправните установи во Република Македонија  мора  да  се  заштити  психофизичкиот  и  моралниот интегритет на лицата, да се почитува нивната личност и достоинство, како и нивното право на лична сигурност. Согласно чл.10 од Уставот на Република Македонија „Животот на човекот е неприкосновен“, а согласно чл.11 „Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени и се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“, стои во соопштението на Иванов.

Од кабинетот на Иванов додаваат дека согласно Законот на кривична постапка, чл.176 ст.1, „При издржување на притворот не смее да се навредува личноста и достоинството на обвинетиот“.

-Во изминатиов период до Комисијата за помилување како и до Одделението за постапување по претставки и предлози во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, беа доставени писма од граѓани кои изразуваа загриженост за безбедноста во затворите во Република Македонија. Затоа, очекуваме што побрзо расчистување на овој, како и на сите досегашни случаи, познати или непознати за јавноста. Бараме одговорност од сите надлежни институции, стои во соопштението на Иванов.

Најнови вести