недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иванов оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Словенија

Иванов оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Словенија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници разговараа за унапредувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Словенија кои ги карактеризира доверба, пријателство и цврсто партнерство, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот.

Македонскиот претседател нагласи дека континуираните посети на политичко ниво дополнително ги потврдуваат одличните односи меѓу двете земји и се заблагодари за одличната соработка меѓу двете земји за време на мигрантската криза во 2015 година  и за присуството на словенечката полиција на нашата граница. Претседателот Иванов додаде дека во наредниот период напорите треба да се насочат кон динамизирање и зголемување на економската соработка и трговската размена, преку поттикнување на заедничките инвестиции.

Во однос на македонските евроатлантски интеграции, претседателот Иванов изрази надеж дека долгогодишната отворена и безрезервна поддршка од Република Словенија ќе продоложи и во иднина, со цел отварање на пристапните преговори со ЕУ и членство на Република Македонија во НАТО.

Во однос на политичките случувања во нашата земја, македонскиот претседател истакна дека иако на референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено не го прифати Договорот од Преспа, Собранието на Република Македонија тоа не го зема предвид, при што мнозинството пратеници постапија спротивно на волјата на народот.

Соговорниците разменија мислења и за предизвиците од илегалната миграција, констатирајќи ја потребата досегашната успешна соработка да продолжи и во иднина со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

Најнови вести