Вкупно 40 учесници и триесетина реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европа и светот се дел од деветтата по ред Школа за млади лидери, лична иницијатива на претседателот Иванов, што од 20 до 31 август се одржува во Струга.
Програмата на годинешната школата e фокусирана на најдобрите практики и знаења за развој на еко-системи за поттикнување на старт-ап, мали и средни претпријатија, како и деловното истражување и иновациите воопшто.