петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иванов телефонски му честита на Ердоган за победата на изборите во Турција

Иванов телефонски му честита на Ердоган за победата на изборите во Турција

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, вечерва телефонски му ја честита победата на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција и му посака успешно извршување на претседателската функција.

Во телефонскиот разговор, информираат од Кабинетот на Иванов, беа разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодари за сета досегашна поддршка од Република Турција, и изрази уверување дека и во наредниот период ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете земји.

Најнови вести