Во пресрет на претседателските избори, како и локалните во трите општини, односно Охрид, Ново Село и Дибер, претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска во емисијата “360 степени“ на Алсат- м телевизија, истакна дека Комисијата нема потребен капацитет за да ги гони потенцијалните злоупотреби.
– Реално, капацитет некој голем во секретаријатот, нема. Меѓутоа, не сме сами, тука се медиумите, граѓанските здруженија, тука се и другите надлежни органи, разговаравме со Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија. Помеѓу овие три институции сега ќе потпишеме и меморандум за соработка. Така што мислам дека сите заедно ќе успееме да излеземе на крај со изборната кампања. Особено наш интерес ќе биде во следењето на користење на буџетските средства, да нема злоупотреби на службени возила, на буџетски средства да се користат за кампања, но и на човечки ресурси, потенцираше Ивановска.