Во земји на ЕУ се одговара и за почестен бурек Судството води во перцепцијата за најголема корупција, и ова го говори истражување на јавноста. Има многу нелогични судски одлуки, од друга страна се што е пресудено е неприкосновено. Ние тука како Комисија бараме помош од други институции и ги праќаме граѓаните до Републичкиот судски совет, но често се обраќаме и до МВР кое со истрагата може да доведе до одговор, но засега немаме ништо, рече Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупција на гостувањето на телевизија Алфа.
Во однос на случаите во Комисијата, Ивановска рече дека за вработувањето на сестрата на Катица Јанева, Лиле Делиџакова во Комисија за хартии од вредност има пријава.
-Не можам да коментирам, се постапува по ваа пријава и постапува друго лице. Кога ќе биде оформен предметот ќе ја известиме јавноста, рече Ивановска.
Таа информираше дека се уште тече рокот за одговор по Одлуката на Атикорупциската комисија за случајот со вицепремиерот Кочо Анѓушев.
-Има Одлука за владиниот функционер Кочо Анѓушев во врска со Одлуката на влада за намалување на царина за увоз на литиумски батерии за акумулатори. Тука премиерот Зоран Заев требаше да поведе постапка за одговорност за Анѓушев, ама Анѓушев најави дека ќе се повлече. Така да важна е нашата порака, а таа е функционерите да избегнуваат судир на интереси и да не го ставаат приватниот пред јавниот интерес, рече Ивановска.
Според неа треба да се следи европска пракса и брзо да се реагира.
-Знаете дека се одговора и за почестен бурек, тоа кај нас е незамисливо, рече Ивановска.
Во контекст на додатоците исплаќани во СЈО, Ивановска рече дека ќе се постапува зошто во анкетните листи не ги пријавувале сите примања.
-Ние имаме Прекршочна комисија која ќе ја утврди прекршоците и тоа се суми далеку помали од оние кои ги примале. Но, најголемо од ова е срамот. Повикувајќи дека требале да ги чуваат податоците рекоа дека ги земале парите, а за да се работи со тоа се стекнува со сертификат, рече Ивановска.