„Ние сме сите еден систем, а Антокорупциска е еден дел од системот. За да може системот да функционира треба сите органи да функционираат. Не сме ние едни единствени, како да кажам. Значи секој да си го мете својот двор, секој да си ја извршува работата во рамките на својата надлежност, државата ќе цвета“, истакна Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК во гостување во емисија на Алфа телевизија.
Ивановска додаде дека ДКСК има доставено многу иницијативи до Јавното обвинителство, но тие иницијативи никако да дојдат во суд.
„Ние имаме повеќе иницијативи до Јавното обвинителство, кои што за жал не дошле до суд“, нагласи Ивановска.
Таа рече дека утврдени наоди имаат за непотизам при вработување на Мира синот, за Крешник Бектеши сестрата, околу 19 беа такви предмети и ДКСК за нив до Управни одбори даде иницијативи за одговорност на директорите кои што дозволиле такво вработување. И одговор од такви одбори ДКСК добиле дека не утврдиле одговорност кај лицето.