среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ивановска: Ризикот од политичката корупција и влијание е највисок, треба да постои систем на вредности

Ивановска: Ризикот од политичката корупција и влијание е највисок, треба да постои систем на вредности

Ризикот од политичка корупција и политичко влијание е највисок. Понатаму следува ризикот од неказнивост и незадоволството од судиите. Тие се основните ризици, кои треба да ги надминеме, порача претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.

Во своето гостување на ТВ Телма, Ивановска истакна дека носителите на јавните фунции треба да бидат свесни дека системот треба да функционира, без разлика дали се тие на чело или не.

– Треба нормално да си функционира, да постои систем на вредности да го избираат најдобриот квалитет, а не да бидат тоа нивни блиски лица, без разлика дали се роднински или партиски. Треба да се обезбеди начин на избор на луѓе кои што ќе бидат најдобри за таа позиција. Прав човек на право место, оти луѓето го градат општеството, рече Ивановска.

Претседателката на ДКСК побара од новата Влада со својот личен пример, пред сè, да придонесе за промена на перцепцијата.

– Ако некој функционер се откаже од своите привилегии, се откаже од злоупотребата на државните средства или пак од вработувањето на неговите блиски лица, туку во својот кабинет стави луѓе кои што го заслужуваат тоа место и ќе придонесат со своето стручно и професионално знаење таа институција да тргне напред, мислам дека тогаш ќе има некаква надеж, смета Ивановска.

Најнови вести