СДСМ не пропушта прилика да не се пофали со наводен успех во капитални инвестиции. Успех кој што го гледа само СДСМ и нивниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески.
Како може да говорат за капитални инвестиции во инфраструктурата кога најважниот и најкапитален објект, а тоа е автопатот Кичево – Охрид, веќе 3 години стои во место. Реализација скоро нула, истакна на денешната прес конференција Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако ги запрашаме СДСМ ќе тврдат дека забрзано и интезивирано работат на овој автопат но во градежништвото е многу едноставно. Сработеното или се гледа, или како во случајов- не се гледа.
Уште од првиот ден откако дојдоа на власт тие тврдеа дека таа траса е промашена, наместо право таа отишла лево или десно, што не е вистина, за потоа и нивниот најрелевантен човек во инфраструктурата го потврди дека траса не е промашена. Следеа понатаму нови потреби од допроектирање, нови клучки, па косини, потоа имаше нови проектирања на косини, што се не.
Меѓутоа вистината дека поминаа 3 години на власт, а граѓаните не видоа некое посериозно придвижување спрема напред во изградба на овој автопат. Едноставно е, со неколку градежни машини и мал број на ангажирани лица автопат не се прави.
Да се потсетиме дека првичната проектирана цена на овој автопат беше 375 милиони евра. Со СДСМ на власт тој стигна скоро 600 милиони евра во 2020 година. Таа разлика во цена ние на терен дека е реализирана воопшто не ја видовме.
Секој еден што патувал кон Кичево и Охрид последните години ќе види дека имал прилика да се увери во ова што го говорам, односно дека нема придвижување напред кон изградба на овој автопат. Притоа пред нас е нова летна сезона и наместо во овие тешки времиња да им се помогне на туристичкиот сектор да ги направиме Охрид и Струга барем малку поатрактивен, инфраструктурен по подомен за пристигнување ние гледаме дека на терен нема ништо.
Ситуацијата на терен е кажано народски да стигнеш до Охрид и Струга со автомобил, тој автомобил ќе го искршиш и тоа не е добро.
Да го резимирам денешново излагање. Како и во сите сектори, и во градежништвото три години имаме една нула, три години го имаме Зоран Заев, иамме три години хибриден режим, три години неспособност и сиромаштија низ целата држава.
Успесите во капитални инвестиции на СДСМ се сведуваат на предизборното ветување на Зоран Заев во 2016та година за изградба на 600 км автопатишта, секој кој што има барем мало основно познавање на градежништво знае дека ова е нешто нестварливо и СДСМ го знае тоа и свесно излажаа.