четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – во 16 часот започнува протестот на студентите

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – во 16 часот започнува протестот на студентите

Попладнево, во 16 часот пред Собранието е закажан мирнот протест на студентите.

-Со вас понесете свирчиња, пароли, голем оптимизам и храброст, велат од „Студентски отпор“ – младинско движење на студентите од Македонија кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во Македонија.

-Студентскиот протест е индикативен дека нешто е гнило во општеството, а избликот на истиот е најискрен.Кризите во кои се наоѓа Македонија, молкот од страна на студентите и пасивноста на студентските организации – се мотивација на властите да удираат по грбот на студентите сѐ посилно. ДОСТА Е! Барањата на студентите произлегуваат од деценискиот игнорантски однос на институциите и намерата за ништење на студентот во Македонија, велат од „Студентски отпор“.

Во период во којшто треба да се донесе буџетот за 2023 година, нивние првични барања од кои не отстапуваат се:

– Издвојување на средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно, како и тргање на сите предложени нови критериуми за исполнување на правото на субвенциониранот студентски оброк;

– Издвојување на средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите;

– Издвојување средства за реновирање и обезбедување на нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање на „студентски градови” и стоп за најавената приватизација на студентските домови;

– Издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја;

Уште еднаш ве повикуваме на мирен протест во понеделник во 16:00 часот пред Собрание да го искажеме нашиот револт и најавуваме дека нема да отстапиме додека не се исполнат нашите барања! Крајно време е! Политички обележја на протестот не се дозволени и како организатори се оградуваме од било каква политичка конотација! – велат организаторите.

Најнови вести