КУРИР дознава дека пред Народната банка во центарот на главниот град во овие моменти изгорел автобус.
Сообраќајот според информациите се пренасочува под железничката накај Саемот и кон Кисела Вода.
Засега нејасно е како автобусот се запалил и дали има повредени патници.
Очевидци за КУРИР изјавуваат дека имало густ чад, а тешка миризба се чувствува во становите од околните згради.
Наскоро се очекуваат нови информации…