петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Изгоре голема површина со борова шума: Уште е активен пожарот кај Овче Поле

Изгоре голема површина со борова шума: Уште е активен пожарот кај Овче Поле

Се уште е активен пожарот помеѓу селата Милино и Мамутчево, во реонот на Овче Поле и се уште чади од шумата. До 17 часот во најголем дел изгоре квалитетна борова шума, според првични проценки, на површина од 30 до 40 хектари помеѓу овие две села, засадена пред повеќе од 50 години, информира за МИА, Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово.

Сликата е повеќе од жална, вели Цветковски. Тој изрази голема благодарност до сите што помогнаа за гасење на пожарот.

Врз него дејствуваа екипи на МВР со хеликоптер и на Дирекцијата за заштита и спасување кои потоа дојдоа да ја гаснат боровата шума со два авиони „Ер трактор“ и правеа големи напори да ја изгасната шумата и покрај силниот ветер кој непрекинато дуваше и го разгоруваше пожарот.

Попладнево во 15:30 часот е изгаснат пожарот помеѓу селата Мамутчево и Иванковци од страната на Општина Велес, информираат за МИА од ТППЕ Велес и од ЦУК Велес.

Поради ветрот што се уште дува на терен се оставени тројца пожарникари од ТППЕ Велес. (МИА)

Најнови вести