среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Излези да гласаш“: Надлежните институции да си ги вршат должностите, граѓаните да пријават евентуални нерегуларности

„Излези да гласаш“: Надлежните институции да си ги вршат должностите, граѓаните да пријават евентуални нерегуларности
МИА

На помал број места, од страна на набљудувачи на „Излези да гласаш“, се забележани проблеми со фингер принт апаратите. Забележано е доцнење со отворање на неколку изборни места, на истите рокот за гласање ќе биде соодветно продолжен.

-Ги повикуваме надлежните институции задолжени за спроведување на изборите, а секако и органот задолжен за спроведување на законите да си ги врши во целост своите должности и овластувања. Воедно, ги охрабруваме граѓаните, сите евентуални нерегуларности да ги пријават кај надлежните државни органи или во нашата организацијана е-маил [email protected] со цел обезбедување на достоинствен демократски процес на изразување на волјата на граѓаните, истакнуваат тие.

Од „Излези да гласаш“ ги повикуваат граѓаните да го искористат своето уставноо загарантирано право на глас и со своето учество да му дадат легитимитет на овој изборен процес, со цел демократски избор на локална власт.

 

Најнови вести