петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Измени во Кривичниот законик: Нападот врз новинар ќе биде казне како напад врз службено лице

Измени во Кривичниот законик: Нападот врз новинар ќе биде казне како напад врз службено лице

Бојан Маричиќ, министерот за правда на дискусијата за заштита на новинарите, организирана од Шведската амбасада, изјави дека приоритет на Министерството за правда е создавање најдобри можни услови во однос на слободата на говорот и непречено работење на новинарите и медиумските работници.

Според министерот, доказ дека има напредок на во однос на подобрувањето на условите за работа на новинарите, говорат и повеќето меѓународни извештаи, како оние на Репортери без граници и на Стејт департментот, во кои и покрај тоа што се бележи напредок во слободата на медиумите во земјата, прецизно се детектираат и предизвиците на кои треба дополнително да се работи.

– Најважно е што во иднина нападот врз новинар или медиумски работник ќе се казнува како и напад врз службено лице. За тоа се предвидени и затворски казни до три години. Дополнително, со казна затвор може да се казни и некој што се заканува на новинари, без разлика на кој начин е испратена заканата, односно дали е лична, преку интернет и слично. Закана е закана, истакна Маричиќ.

Најнови вести