сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Измените на Законот за земјоделство и рурален развој пред пратениците

Измените на Законот за земјоделство и рурален развој пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е Предлог законот за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во прво читање.

На дневниот ред на седницата е и Предлог завршната сметка на Буџетот за 2018 година, со конечен извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на усогласеност за 2018 година на основниот буџет на Република Македонија.

Пратениците во рамките на седницата ќе разгледаат и повеќе ратификации на спогодби меѓу кои и за отворање нов граничен премин кој ќе ги поврзува Мајден во Република  Македонија и Промахoи во Република Грција и  еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро, како и неколку барања за автентично толкување на закони и закнски решенија во прво и второ читање.

Најнови вести