четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИЗМЕТ ПЛИВА ВО ПРИЛЕП: Една од главните улици во градот претворена во канализација, жителите стравуваат за здравјето на децата (ФОТО)

ИЗМЕТ ПЛИВА ВО ПРИЛЕП: Една од главните улици во градот претворена во канализација, жителите стравуваат за здравјето на децата (ФОТО)

Измет плива по една од главните улици во Прилеп.

Станува збор за улицата „11 октомври“ во близина на основното училиште „Гоце Делчев“ како и истоимената детска градинка.

Прилеп е претворен во депонија, а денес родителите и децата кои живеат во близина на оваа улица заминаа да го тестираат своето здравје во прилепската болница и заводот за здравствена заштита што е на само 20-тина метри од оваа еколошка катастрофа, сведочат нашите извори.

Прилепчани очекуваат Јавното претпријатие Водовод да даде одговор што се случува со гадот и здравјето на граѓаните, а во меѓувреме случајот се актуелизира и на социјалните мрежи.

Најнови вести