сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Денес со оваа власт имаме режим, предлагаат Евреите да носат Давидова ѕвезда

Јакимовски: Денес со оваа власт имаме режим, предлагаат Евреите да носат Давидова ѕвезда

Стевче Јакимовски во емисијата „Само вистина“ посочи дека оваа влада создаде режим во Република Македонија, затвораат новинари и луѓе поради клевета на функционер, портали се блокираат бидејќи не им се допаѓаат.

-Во моментов сме како во две различни држави, тоа е навистина страшно што ни се случува. Режим е оној кој што предлага Евреите да носат Давидова ѕвезда. Режим имаме таму кај што секој втор портал кој што не ти се допаѓа, ќе пратиш на „Facebook“ дава „fake news“, а тој ти пренесува прес конференција и му ја блокираат страната. Режим е ајде проверете да направиме една статистика, да си дадеме една задача да видиме колку луѓе се осудени токму заради клевета односно заради навреда откако оваа власт е во Република Македонија. Колку луѓе се осудени, колку новинари се осудени? Мислите дека тоа не е поблиску до режимот, запраша Јакимовски.

Јакимовски додаде дека не збори напамет, а граѓаните знаат што се случува денес во Република Македонија. Тоа не може да се сокрие од јавноста.

Најнови вести