недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Европскиот парламент во своите редови има фaшиcт кој би ги тепал Македонците

Јакимовски: Европскиот парламент во своите редови има фaшиcт кој би ги тепал Македонците

Европскиот парламент во своите редови има Фашист кој Македонците би ги тепал, а тоа значи оние што се тврди и нема да сакаат да прифатат дека потекнуваат од мајмун, а не од бугарин ќе бидат убивани. Тоа самоосознавање каде би можело да се случи освен во концлогори, обвинува Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ.

-Ваква повампирена фашизоидна идеологија на Џамбаски кој е дел од европскиот парламент а кој вчера ја изгласа декларацијата „Животите на црнците се важни“. Значи се загрижија за Афроамериканците ама баш им е гајле за Македонците. Иронијата да биде поголема претпоставувам дека и овој фашизоиден европратеник Џамбаски ја гласал оваа декларација. Ете тоа се другарите на СДСМ. Играат симултанка-реденка, сега се редат разни бугарски будалетинки а потоа пак ќе почнат грчките. Си останавме без малцинство во дијаспората, не сме Македонци туку граѓани на РСМ, јазикот не е македонски туку уставен а што се однесува до историјата веројатно ќе ни остане онаа од 92 година наваму. Очекувам некој мајчин да ни ја оспорува и историјата од 45 до 92 година. Како тргнало ќе се најде пак некој изрод и тоа да го признае, пишува Јакимовски.

Тој понатаму пишува:

„Но има такви што по цена и на ќотекот на Џамбаски и по цена на смрт нема да им попуштат на Бугарите. Зошто? Затоа што цел живот се губитници! Ако се случи некоја нова војна само гледај Бугарите на која страна се. Задолжително се на страна на поразените.

Русите им ја направија скапаната држава а мислам дека единствена војна што ја добиле е против Кнез Милош Обреновиќ кој подигнал кредит од Австриска банка за да војува со Бугарите оти во касата имал само 65 илјади српски динари.

Затоа на Џамбаски и нему сличните треба да им кажеме „Ај ве молам марш у три л.п.м – порачува Јакимовски.

Најнови вести