петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски го потврди инцидентот кај ТЦ Беверли Хилс- еве што се случило

Јакимовски го потврди инцидентот кај ТЦ Беверли Хилс- еве што се случило

Претседателот на ГРОМ и поранешен градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за „Република“ го раскажа инцидентот кој се случил завчера во близина на ТЦ Беверли Хилс. Тој ја раскажа случката за која вели дека е трет обид од 15 октомври, ноќта на локалните избори, членови на СДСМ да се обидат го нападнат.

-Се движев по улица со мои пријатели и разговарав на телефон кога ми се приближи едно лице и ме праша зошто сум сакал да ја уништам „Пошта“. Јас му одговорив дека не сум сакал да уништам ниту еден локал и инспекции биле праќани онаму каде што не се почитувале законите и правилата, а споменатиот локал со уште два ресторани на територија на Карпош беше еден од оние за кои најчесто стигнуваа пријави од граѓани. Повторно ми го постави истото прашање, по што човекот кој беше со него ме запраша дали го познавам, на што јас му одговорив негативно. Ми се претстави како Сокол и ме праша зошто сум го избркал од еден од советите на Карпош. Тука ме опцу и се обиде да ме удри, но пријателите кои беа со мене спречија поголем инцидент. Се собраа уште неколку луѓе до нив, но за кратко се повлекоа. Се на се мешаницата траеше 4-5 минути, а ова не е прв пат членови на СДСМ да ме нападнат, ова е трет обид од 15 октомври до сега. Сакам да им порачам дека не им се плашам, изјави Јакомовски за „Република“ кој додаде дека случајот ќе го пријави во полиција.

„Република“ го контактираше и Филип Андов- Сокол, за кој од Владата информираа дека е надворешен соработник на кабинетот на премиерот. Тој пак има доста поинаква верзија за вчерашниот настан и според него, Јакимовски бил оној кој што прв го навредил и го започнал конфликтот.

-Во близина на ТЦ Беверли Хилс, во вторникот околу 11 часот додека бев во друштво на неколку пријатели, на поминување бев навреден од поранешниот градоначалник на Карпош, кој ми упати неколку навредливи зборови на што јас му вратив со иста мера. Можам да потврдам дека поголем инцидент немаше, се заврши на тоа, изјави Андов за „Република“.

Најнови вести