понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Нашето име буквално некој го дава по телефон, а ние ќе станеме граѓани на Република Северна Македонија

Јакимовски: Нашето име буквално некој го дава по телефон, а ние ќе станеме граѓани на Република Северна Македонија

Нашето име буквално некој го дава по телефон и она што можам да видам и да заклучам, Република Северна Македонија дека е главната замка која што ни ја нудат и дека остануваме по националност, македонци но, кај државјанството значи граѓанин на Република Северна Македонија, а не е македонско државјанство, рече Стевчо Јакимовски во емисијата „Алфаскоп“ на Алфа ТВ.

Јакимовски истакна дека со промената на името, сите малцинства во Македонија ќе станат граѓани на Северна Македонија а македонските граѓани ќе изгубат идентитет каде што од тука започнува и разнебитувањето на државата.

Со промена на името, Јакимовски рече дека Македонија се откажува и од малцинствата во другите држави.

-Со тоа ние се откажуваме од малцинствата и во Грција, Албанија и во Бугарија. Штом немаш малцинство тоа значи и дека немаш народ а тоа е следната фаза во која што тотално ќе биде избришан македонскиот народ, рече Јакимовски.

Тој рече дека после потпишување на договорот ќе дојде процес за промена на историјата каде што подоцна  ќе се промени Уставот на Македонија. Јакимовски рече дека во било кое време од  овој процес, Грција може да постави вето на членството на Македонија кон Европската Унија.

-Потоа доаѓа прекројување на историјата, потоа доаѓа промена на Уставот и така натаму. Таму ке бидат новите замки кои што ќе и се постават на Република Македонија и на едно место, било каде што ќе се запне, а нивните барања секогаш ќе бидат максималистички и тогаш исто така Грција ќе има право дабстави вето на нашето членство во ЕУ и во било која друга евроатланска интеграција. Значи прашањето ние не го затвараме сега зошто кога сака Грција да и стави вето на нашето членство, истакна Јакимовски.

Најнови вести