понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски:Одржување на изборите по секоја цена беше една фарса да Заев сега замина на одмор и да вози мотор

Јакимовски:Одржување на изборите по секоја цена беше една фарса да Заев сега замина на одмор и да вози мотор

Стевче Јакимовски во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за ситуација во Република Македонија односно за изборите кои се одржаа на 15 јули каде посочи дека брзањето на СДСМ по секоја цена да се одржат изборите во оваа пандемија било само една фарса, една лага затоа што тие сега одмараат и возат мотори.

Длабоко сум убеден дека не ја разрешивме политичката состојба туку се усложи до невидени размери, јас сакам да прашам повтроно ли ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе бидат криви за оваа ситуација затоа што кога убедувавме дека треба да ги одложиме изборите, треба да се фокусираме на најбитната работа, а тоа е одбрана од оваа биолошка војна и од корона вирусот, еве во каква ситуација се доведовме. Што ни се случува сега, нели изборите требаше да ги направиме затоа што немаме Парламент, затоа што немаме Влада, ние гледаме некој да преговара за Влада или отидоа да одмараат и да возат мотори што значи дека се било фарса, се било лага да одиме на избори за да сега одмараме и викаме после празникот Илинден ќе почнеме да разговараме за Влада што значи дека тоа не било како што некој се обидуваше со маркетинг трикови да претстави дека потоп ќе биде во Македонија ако нема Влада, ако не функционираат институциите, а сега гледаме дека воопшто нема загриженост за тоа што во Република Македонија немаме функционална влада, нема Парламент, истакна Јакимовски.

Најнови вести