четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Тоа што одредени министри агитираа во дијаспора е доказ дека пописот беше политичка, а не статистичка операција

Јакимовски: Тоа што одредени министри агитираа во дијаспора е доказ дека пописот беше политичка, а не статистичка операција

Како се тераше методологијата и Законот се гледаше дека ќе имаме политички попис. Ако сакаа да го направат чесно, тогаш зошто да нема фингерпринт? Гарантирам дека знаеме во секое место знаеме колку има деца и дали треба школо, и во која куќа каде има луѓе, има вкрстени податоци од кои не можеш да мрднеш, изјави во Само вистина на Канал 5, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Тој вели дека тоа што министри од владата отидоа во соседни и други земји да агитираат да се попишуваат од албанската етничка заедница покажува дека попишувањето на дијаспората е политичка, а не статистичка и државна операција.

– Ако една етничка заедница агитира за попишување коректно е сите етнички заедници да агитираат за попишување во дијаспора. Таков закон донесоа. Министерот Маричиќ изјави дека сите што се евидентираат од надвор ќе имаат одредени права и тоа значи дека се може да има контра реакција. Димитров одеше секаде со авиони да убедува за промена на името, зошто не оди сега да повика да се попишат?, вели Јакимовски.

Во однос на тоа што македонските министри не агитираа во дијаспора и што Македонците го бојкотираа попишувањето, Јакимовски вели дека е затоа што министрите од СДСМ немаат доверба кај Македонците и затоа не смеат да се појават, и дека непопишувањето на македонската етничка заедница во дијаспора е инаетот кон погрешните политики на оваа влада.

Најнови вести