вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски за напаѓачот на Дурловски: Не е прв пат оваа кукавица да прави вакви инциденти за да добие рејтинг во СДСМ

Јакимовски за напаѓачот на Дурловски: Не е прв пат оваа кукавица да прави вакви инциденти за да добие рејтинг во СДСМ

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски истакнува дека лицето кое го нападна Игор Дурловски, било истото кое сакало и со него да си ги измери силите.

Статусот на Јакимовски го пренесуваме во продолжение:

„Ало, овде Сокол советникот на премиерот“

Денеска има реакција од она „Алтан дете“, Игор Дурлоски како што тој вели бил нападнат, вербално и вулгарно омаловажуван од страна на Филип Андов-Сокол вработен во владата на Република Македонија како советник на премиерот. Инцидентот господинот Дурловски го пријавил во полиција.

На оваа кукавица не и е прв пат да прави вакви инциденти. На ваков начин тој се додворува и добива на рејтинг кај раководството на СДСМ по принципот „Слушна ли што му направил Сокол на Дурловски?“

Но!!! Истиот делија проба и со мене да си ги измери силите на почетокот на 2018 година, значи шест месеци по превземањето на власта кога беа многу залетани, силни и спремни се да тепаат, да убиваат, да апсат, да судат. Еве што се случи: Мој колега поранешен градоначалник отвори адвокатска канцеларија. Јас, син ми и уште еден другар тргнавме кај него со флаша виски да му посакаме успешна работа. Проаѓавме наспроти трговскиот Беверли Хилс со намера да го поминеме булеварот Теодосиј Гологанов и покрај Католичка црква да отидеме кај новиот адвокат.

Син ми ја паркираше колата а јас и другарот одевме, кога некој почна да ми дофрла, извесен Вања кој бил сопственик на кафичот Пошта во Карпош 1 со прашање кон мене зошто сум му ја затварал кафаната, а во тој момент додека одевме разговарав на телефон. Застанав и го прашав дали мене ми се обраќа и рече „Да, да, тебе ти се обраќам“ му се извинив на соговорникот и го затворив телефон. Откако се разбравме за кој кафич се работело му објаснив дека барав да се затвора бидејќи граѓаните постојано ги малтретираше со гласна музика до 2 часот наутро, и имаше постојани пријави од соседите. Ме запраша зошто тоа сум го правел, му одговорив: Општината има право да те контролира кога и колку сака а ти си должен да работиш исправно а ти ако не си бил исправен тоа е твој проблем. Во тој момент пристигна и син ми, значи ние бевме тројца а тие четворица сдсмовски делии, кога еден од нив почна да ме пцуе „ Уф крвта да ти е*ам“ и тргна накај мене. Но, молскавично реагираше син ми и скокна врз него, на што противникот навистина се изненади. Не очекуваше таква енергична реакција. Тогаш скокнаа другите двајца нивни пријатели и почнаа да викаат немој Сокол. Тогаш им реков пуштете го да го видам што маж е.

Инаку син ми е спортист, три години тренираше бокс и постојано играше фудбал што значи дека е во одлична кондиција и другарот што беше со нас е добро набилдан а и мераклија да се тепа, заборавив да напоменам дека и флашата виски ја остави во едно жбунче за да не му пречи а што се однесува до мене ич гајле си немам со такви како него ги јадам за маренда. Што би рекол татко ми „Кога виде, вуна“. Сокол почна со онаа стара сељачка фора, зеде да ја соблекува јакната. Демек таа ќе му сметала во тепачката. Уште еднаш им реков, ајде пуштете го и кога виде дека наспроти себе има спремни мажи го зема телефонот да врти и вели „Ало овде Сокол советникот на премиерот“.

„Е сега ми ги стресе гаќите кога слушнав дека си советник, многу ме исплаши“. И така заврши обидот за демонстрацијата на сила на советникот на премиерот.

Во писмена форма настанот го пријавив во Полиција Карпош. До ден денеска ниту сум повикан од полицијата или обвинителството, а ако не знаеле ја сум и воедно лидер на политичка партија, поранешен трикратен градоначалник и министер во три влади. Само три месеци пред тоа на самиот ден на локалните избори, нож скакавец во нашиот штаб ни вадеше Сетко Рахиќ со еден негов другар. И замислете обвинителството Сетко воопшто не го третираше а неговиот другар го осудуја со само 42 илјади денари казна. Ете тоа е сдсмовската партиска полиција, партиско обвинителство и партиско судство.

Затоа истиот Сокол ќе има сила да го малтретира и Игор Дурловски. Кога јас би бил премиер а тој мој советник да слушнам дека сакал да се тепа со мои политички противници без никаква причина, ќе му направам исто што му направи Курто Дудуш на оној неговион што му правел бељи во општината и владата ќе можеше да ја гледа од тогаш па наваму само на телевизија.
Но, шегата настрана ова е недозволиво и скандалозно.

Мој партиски колега или мој вработен да се обидувал да се пресмета со мои противници во најмала рака ќе им се јавев лично да се извинам, но тоа е СДСМ.

Овој Сокол веројатно е потомок на оние академиците што го искршија „Хардрок“, па колку памет има советникот, толку памет има и премиерот.

Со ВМРО ДПМНЕ сме биле порано и политички противници, сме имале жестоки реплики со тагашнио највисокиот врв на партијата, но никогаш не бев загрозен ниту физички ниту вербално од било кого од ВМРО ДПМНЕ иако беа силна власт.
Значи во политичката пресметка беа вистински витези, а овие од СДСМ се кукавици.

Најнови вести