недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски за Заев: За ова зeл пapи – „Аз не тpcaм ништo што не ми е обeштaно и за тоа caм дaл пapи“ (ВИДЕО)

Јакимовски за Заев: За ова зeл пapи – „Аз не тpcaм ништo што не ми е обeштaно и за тоа caм дaл пapи“ (ВИДЕО)

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во своето гостување во Инфомакс го коментираше срамното интервју на Зоран Заев за БГНЕС.

Тој е убеден дека Зоран Заев за ова што и го прави на Македонија зел пари и имаме ситуација во која уценет човек преговара за македонскиот идентитет.

-Аз не трсам ништо што не ми е обештано и за тоа сам дал пари. И сега тоа значи имало договор надвор од потпишаниот договор. Па нели ни е јасно дека овој човек е уценет тоа е класичен симптом на уценет човек. ТИе од страна притискаат што и да даде не прифаќаат, навредуваат, а тој цело време понизно се однесува кон нив. И она срамно увлакачко, да се срамиш интервју што го даде за бугарската телевизија. И на крајот да прашам кој му барал ова да го каже? Кој го бара од него тоа понижување? Можеш ли така да се понижуваш ако не си зел пари, прашува Јакимовски.

Најнови вести