Стевче Јакимовски, лидерот на Гром во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за запленитот путер за кој се пофали вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
Според Јакимовски ова не е работа за фалање туку тоа е вообичаена работа на пазарниот инспекторат.
-За 1500 евра глоба изречена, они прават таков циркус.Тоа е нормална работа на пазарниот инспекторат, се што ќе најде пазарниот инспекторат со изминат рок се запленува и треба да се уништи. Не знам зошто треба толкава цермонија како да откриле марихуана, оружје, фалсификат на пари или не знам што. Очигледно дека се работи за луѓе кои не работат ништо, немаат ништо сработено и на ваква работа тие ова го препишуваат како некој успех. Апсолутно ова не е успех, ова е редовна работа на пазарниот инспекторат да открива каде има стока со изминат рок. А колку е оваа работа битна покажува самата казна, глоба од 1 500 евр, ако ја плати во рок од 8 дена , тоа значи казна од 750 евра, кажа Јакимовски.