вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаневски: Додека националните интереси се во опасност, власта си игра детски игри

Јаневски: Додека националните интереси се во опасност, власта си игра детски игри

– Од власта прво ја одбија Резолуцијата, па потоа се сетија дека тоа не е баш паметно, но најдоа друга замка па ги пуштија помалите партии кои што рекоа да ќе ја подржиме ама ако биде под Република Северна Македонија, односно со новото уставно име. Кое ново уставно име, тоа е име е жив фалсификат. Се сетија дека всушност наместо они да влетаат во замка, подобро е они да направат свој вид на замка. Ова се детски игри од страна на власта, на луѓе кои што за жал ја водат оваа држава, рече Дарко Јаневски во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Јаневски посочи додека на маса се национални прашања и идентитетот на Македонија и се во опасност, власта си игра детски игри.

– Ние имаме проблем дома, ние немаме проблем надвор бидејќи тие си ги бранат своите интереси, а оваа власт нашите интереси воопшто не ги брани. И поради тоа последицата е јасна, појасни Јаневски.

Јаневски додаде дека Заев треба да излезе во јавност и нека објасни зошто не смее да напише или да каже ФФМ.

– Античовечки, антидемокрастски, антицивилизациски е формирање на историски комисии. И сега Заев вели дека со Царовска дека они преку тие комисии ќе им ја претставеле на децата во учебниците историската вистина. Па, имаш човек кој што вели дека Господ го црпнал од нива, и ја имаш Царовска која делела перзентативи и тие луѓе на децата наши ќе им ја доловат историската вистина. Која историска вистина тие ќе ја доловат, запраша Јаневски.

Јаневски рече дека не може Заев да одлучува за Гоце Делчев дали е Македонец или не. Заев такво право нема.

Најнови вести