среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаневски: По вакви скандали како оној со пасошите и дрогата, нема друга опција освен да падне цела влада

Јаневски: По вакви скандали како оној со пасошите и дрогата, нема друга опција освен да падне цела влада

Рашковски е само еден дел од мозаикот и тие работи се решаваат ако имаш систем, а тоа го нема кај нас. Афери како Рашковски има секој ден, системот не функционира да се справи затоа што не е поставен да ги решава, рече Дарко Јаневски, новинар и аналитичар на гостувањето во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа коментирајќи го скандалот со советникот на Зоран Заев, а претходно генерален секретар на Владата коментирајќи ги скандалите поврзани со Рашковски.

Според него 4 години јавноста се занимава каков е Заев, а прашањето е дали ќе биде сменета оваа власт.

„Пред некој ден беше и случајот со дрогата, со пасошите. Тоа се работи за кои паѓа цела влада. Но, што ако тоа не го направат. А гледаме дека не се прави ништо“, кажа Јаневски.

Оваа влада беше донесена да ги потпише договорите со соседите и ништо повеќе.

„Оваа власт и Заев ништо не ги интересеира освен лични интереси. Ние имаме и национална катастрофа со корона вирусоот. И тие не се грижат за ништо системот не функцира“, вели Јаневски.

Најнови вести