недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанкулоска и Јанакиески добија казни затвор, Протуѓер условна казна – ова се пресудите за „Титаник“

Јанкулоска и Јанакиески добија казни затвор, Протуѓер условна казна – ова се пресудите за „Титаник“

Денеска беа објавени првостепените пресуди за дел од обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на парламентарните избори во 2014-та година.

Миле Јанакиески е осуден на ефективна казна затвор од 4 години и 6 месеци, Гордана Јанкулоска денеска беше осудена на 2 години и шест месеци затвор, а Мунир Пепиќ и Коста Митровски добија по 3 години затвор.

Мартин Протуѓер доби условна казна од две години, а истата казна ја добија и Билјана Бришкоска Бошковски , Киро Тодоровски и Катерина Веловска.

Освен тие што признаа вина, обвинети во „Титаник“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, екс генералниот секретар на владата Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко како и уште други 12 обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

 

Најнови вести